Котевски поднесе оставка – извештајот за истрагата во понеделник

Сподели

По прозивката на премиерот Заев за поднесување одговорност за вчерашниот инцидент во затворот Шутка, во кој беа нападнати екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски Ѓоко Котевски, директор Котевски денеска си поднесе оставка од функцијата.

Оставката на Котевски ќе биде доставена в понеделеник, кога и целиот извештај од истрагата ќе биде доставен.

Котевски изјави дека инцидентот бил вербално предизвикан од Ристовски и Јанакиевски, по што биле физички нападнати. Денеска тие биле во добра состојба и префрлени се во т.н Хашки дел под засилено полициското обезбедување.