Ковачевски: Со голема тага ја примив веста за смртта на Глигорие Гоговски

Сподели

 

“Со голема тага ја примив веста за смртта на Глигорие Гоговски”, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот официјален ФБ профил.
 
“Неговите заслуги како долгогодишен општествено-политички работник, ќе останат вградени во севкупниот напредок на нашата татковина.
 
Глигорие ќе остане запаметен како одговорен политичар. Тој како последен претседател на Извршниот совет на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија и премиер на преодната влада, учествуваше во процесот на отворање на патот кон самостојноста и независноста на нашата држава.
 
Исклучителен е неговиот придонес и во севкупниот економски развој на државата, кој го даде и како долгогодишен успешен менаџер на ,,Тетекс’’, текстилниот гигант со над седумдецениско постоење.
 
Нека му е вечен споменот!”