KRALI MARKO TRAILS 2016

Сподели

MDkralimarkotrailssportskinastani

Прилеп,  24 Септември

ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА, ИСТРЧАЈ ГО МИТОТ

Крали Марко Треилс (По стапките на Крали Марко) претставува трка во планинско трчање со петгодишна историја која се одржува во месец септември во околината на Прилеп и планината Бабуна. Трката воедно е и првиот и единствен планински ултра-маратон во Македонија. Организацијата е од страна на здружението за планинско трчање TREX, ПСД „Макпетрол” заедно со поддршка од општина Прилеп.

Оваа 2016 година на дводневниот репертоар на настанот ќе има четири трки со различни должини и висински разлики.

– Трескавец Треил 16км 800D+ – погодна за сите заинтересирани љубители на природата кои сакаат да го искусат планинското трчање и убавините на регионот – http://goo.gl/WqmNmR

(СТАРТ – 25.09.2016 10:00 ЧАСОТ – ВАРОШ)

-Камена Баба Треил 31км 1250D+ – малку подолга и потешка рута која изобилува со фантастични глетки на Марковите Кули – http://goo.gl/sOcEEh

(СТАРТ – 25.09.2016 10:00 ЧАСОТ – ВАРОШ)

– Крали Марко Ултра Треил 90км 4300D+ – класично ултра-треил искуство низ живописен регион – само за најспремните и најхрабрите (ИТРА верификувана / носи 4 поени за УТМБ) – http://goo.gl/UdmG2y

(СТАРТ – 24.09.2016 23:00 ЧАСОТ – ВАРОШ)

– Маркукуле Треил – детска трка 1км – отворена трка за најмладите (без котизација) – http://goo.gl/QBk9qK

(СТАРТ – 25.09.2016 09:30 ЧАСОТ – ВАРОШ)

Описот на поедините патеки, праилата и прописите за учество, стартните пакети како и сите дополнителни информации можете да ги прочитате на официјалниот веб-сајт на трката – http://kmt.mk/

Пријавување – https://www.smartrace.club/