Кристијано Роналдо наскоро би можел да го напушти Ал Наср и да се врати на Стариот континент!
Кристијано Роналдо штотуку пристигна во Ал Наср, а веќе се зборува за негово заминување од тимот. Тренерот Руди Гарсија истакна дека е сигурен како неговиот нов напаѓач ќе се врати во Европа.
Иако има 37 години и има потпишано договор на две и пол години, Кристијано очигледно не планира да престане да игра фудбал по 40.
“Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Дефинитивно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа”, изјави тренерот на саудискиот клуб.
Искусниот Португалец потпиша неверојатен договор, а иако се зборуваше дека ќе потпише соработка на дури десет сезони, тоа не се случи.
Тој во неколку наврати изјави дека сака да игра во МЛС лигата, но сега се уште е сконцентриран на Ал Наср.
Се споменуваше дека тој би можел да се врати во Европа следната сезона и да игра за Њукасл доколку „страчките“ се пласираат во Лигата на шампионите.
И Њукасл има саудиски сопственици и е подготвен да плати за неговото доаѓање, но во меѓувреме менаџерот на овој клуб Еди Хау демантираше дека тоа ќе се случи.
За потсетување, Кристијано Роналдо досега одигра два натпревари за Ал Наср и се уште нема учинок (гол или асистенција), додека неговиот клуб исто така по две сезони остана без Суперкупот.
Cristiano Ronaldo’s reception attracted the attention of the whole world more than the World Cup in Qatar. Who agrees with me?#HalaRonaldo pic.twitter.com/DPsUrnyrNi
— Fahad Alotaibi (@FahadAlhero) January 3, 2023
The post ,,Кристијано се враќа во Европа,, – Ал Наср објави шокантни детали, а тренерот го потврди заминувањето! first appeared on .
Powered by WPeMatico