Кривичниот суд ги отфрлил прислушуваните разговори кои што ги приложило Специјалното јавно обвинителство како докази во обвиненијата за случаите: „Титаник“, „Титаник 2“,„Тенк“, „ТНТ“, „Тифани“ и „Тревник“. И покрај одлуката на Апелациониот суд за прифаќање на снимките во септември, сепак Кривичниот суд продолжи да ги отфрла „бомбите“ како доказ.
Отфрлањето на „бомбите“ на СЈО се случува во фаза на оценка на обвиненијата, која што за најголемиот дел од нив, уште трае. СЈО во согласност со жалбениот рок како што пропишува законот, до апелација ќе поднесе жалби за овие шест одбиени предмети. Инаку, СЈО до Кривичниот суд достави 17 обвиненија, во кои главнообвинети се политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.