Кривичен суд го одбил барањето за враќање на пасошот на Мијалков

Сподели

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за враќање на патната исправа.

Како што појаснија од Кривичниот суд на денешниот брифинг со новинарите, одбраната на Мијалков на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост, односно да му се врати патната исправа.

Одбраната, како што велат од Судот, побарала Мијалков да се јавува само еднаш месечно во Судот, наместо секоја недела, кое барање исто така е одбиено од Кривичниот совет.

Сашо Мијаков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се водат судски постапки.