Kрводарителска акција на Амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје

Сподели

 

Амбасадата на САД во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти, за да го одбележи Американскиот Национален ден на служба и сеќавање.  

Лицата заинтересирани да даруваат крв и конзервирана храна ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот. 

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември.