Крводарителска акција во пресрет на Светскиот ден на здравјето, 7-ми април

Сподели

 

Денеска во просториите на галеријата Чифте Амам во Старата скопска чаршија, се одржа крводарителска акција на која учествуваше и крв даруваше министерот за здравство Беким Сали.

 

 

Крводарителската акција ја организираше Министерството за здравство, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 април.

Во организирање крводарителска акција, во која и лично дарувам крв, тука во Чифте Амам, во стара чаршија го организираме овој настан во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, истакна министерот за здравство, Беким Сали, во пресрет на 7 Април, Светски ден на здравјето.
 
 
 
 
– Целта на оваа крводарителска акција на која присуствуваа колеги од Владата на РСМ, заменик министерот, директори и вработени од комплексот клиники е заеднички придонес кон афирмација на крводарителството како највисок хуман чин, а воедно со личен пример, со дарување крв, да помогнеме да се спаси нечиј живот, информира министерот Сали.
 
Воедно, тој се заблагодари на сите крводарители за покажаната хуманост и солидарност.
 
 
 
 
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека и покрај пандемијата со Ковид-19, минатата година има најголем број дарувани крвни единици во Институтот, со 50.906 крвни единици, што е показател за посветеноста во организацијата и реализација на крводарувањето.