КУБА: Деветдневна жалост поради смртта на Фидел Кастро

Сподели

fidel

Кубанската влада прогласи деветдневна национална жалост поради смртта на револуционерот и поранешниот претседател Фидел Кастро. Жалоста ќе заврши на 4. декември, кога неговите посмртни останки ќе бидат закопани.

Јавните активности и планираните настани ќе бидат откажани, а кубанското знаме ќе се спушти на половина копје. Државниот совет објави дека државните радија и телевизии во теко тна националната жалост ќе емитуваат „информативна, патриотска и историска програма“.