Кутињо се договори со Барселона, Ливерпул го има последниот збор (фото)

Сподели

Големи проблеми за Ливерпул и тренерот Клоп, откако Барселона ги договори личните услови на Фелипе Кутињо за негов трансфер на „Ноу Камп“.

kutinjo1

Останува уште Ливерпул да се согласи или не да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери.

Бразилецот е подготвен да го облече дресот на Барселона и да ја исполни својата судбина. Ливерпул ја одбил понудата на Барселона од 75 милиони евра што Каталонците ја испратиле минатата недела.

Очекувањата се дека челниците на „блауграна“ наскоро ќе испратат нова понуда. Челните луѓе на Барселона се во Ливерпул, каде што се обидуваат да го комплетираат трансферот.

Доколку замине Кутињо, Клоп, ќе остане без клучниот фудбалер во тимот, но ќе добие огромни сретства за нови засилувања.

Кутињо го продолжи договорот со Ливерпул до јуни 2022 година. Стручниот штаб во Кутињо гледа наследник на Андрес Иниеста во формацијата 4-3-3.

Тој е еден од двајцата Бразилци, вториот е Паулињо, кои Барселона се обидува да ги донесе во тимот со што би го осигурала престојот на Нејмар.

The post Кутињо се договори со Барселона, Ливерпул го има последниот збор (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico