Квантната медицина претставува спој или интеграција на источната и западната медицина. Апаратурата со која работи оваа медицина има за цел да го „прочита“ вашиот организам преку биоточките или зоните кои се поврзани со Вашите органи. Што би се рекло, секоја точка е поврзана со одреден орган од Вашето тело. Затоа и квантната медицина го подразбира човековиот организам како добро развиена енергетско информативна мрежа која е интегрирана на сите нивоа. Квантната медицина е особено развиена во источните земји, поконкретно во Русија, каде што особено внимание и се предава на биофизиката.
Истражувањата за влијанието на информативниот сигнал на клетките, кои ги спровел Зиновиј Скрипњук, доктор на биолошки науки на националниот универзитет ,,Т.Г. Шевченко“, покажале дека информативните сигнали на клетките може да предизвикаат нарушување (болест) на клетките. Тој докажал дека клетките комуницираат меѓу себе со сигнали што го претставуваат клеточниот јазик. Овој јазик може да биде „пишан“, кој е овозможен со синтеза на различни материи од клетките и „усмен“ јазик, кој е овозможен со електромагнетни бранови. Клетките на телото му емитираат бранови на одредена фреквенција, кои околу него создаваат електромагнетен спектар на фреквенции, „информациски покривач“ одговорен за здраво функционирање на телото.
Сите причини: бактерии, вируси, лекови, хемиски адитиви во храната, пестициди, па дури и храна што не е во согласност со антигените на крвната група може да ја нарушат здравата фреквенција на клетките. Оваа информација доведува до нарушување на меѓуклеточната комуникација. Резултатот е нарушување на биохемиските процеси што резултира со метаболички нарушувања во ткивото и појава на болести.
Квантаната магнетна резонантна анализа е ЧУДО НА КВАНТНАТА ФИЗИКА за анализа на здравствената состојба на човекот. Со држење на еден сензор во рака, слабата магнетна фреквенција и енергија од човековото тело се собира и се пренесува во специјален, вграден микропроцесор, кој ги споредува добиените податоци со стандардниот квантен резонантен спектар. На тој начин се добива една целосна слика за состојбата на човековото здравје. Апаратурата располага со голема прецизност при што може да ги детектира и најситните промени на клетките, овозможувајќи препознавање на болеста кога се уште нема органски промени (и не можат да ја препознаат ултразвукот, КТ скенерот и магнетната резонанца) и со превземање на соодветна акција во тој момент се врши ефикасно превземање на контрола над различните болести и се спречува да тие воопшто се појват. Оваа анализа опфаќа повеќе од 30 ставки: кардиоваскуларна и цереброваскуларна состојба, густина на коските, трагови од хемиски елементи, состојба на крвта, респираторен систем, состојба на бубрези, желудник и дигестивен систем, црн дроб, жолчка, кранијални нерви, гинеколошка состојба итн.