Комисијата за заштита од заразни болести, на денешниот состанок донесе препорака, ковид-сертификатите на граѓаните кои прележале Ковид-19 да важат во следните 180 дена, наместо досегашните 45 дена.
Од Комисијата истакнаа дека се уште е рано за укинување на сертификатите, бидејќи има голема трансмисија на вирусот.
Според д-р Злате Мехмедовиќ, потполно укинување на ковид-сертификатите кај нас сега нема логика. Тој вели дека кај нас околу 45 отсто од населението е вакцинирано со две дози вакцина, додека во Данска на пример, вакцинирани се близу 90 отсто од населението.