“ЛАГАТА” од Флоријан Зелер на Скопско лето

Сподели

 

„ЛАГАТА“ во рамки на Скопско лето, 23 јуни, МНТ, Автор: Флоријан Зелер
Режисер: Бесфорт Идризи
 
Преведувач на драмскиот текст: Офелија Ковилоска
Сценограф: Крсте С. Џидров
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музиката: Игор Василев-Новоградска
 
УЛОГИ: Павле – Јордан Симонов, Родна – Габриела Петрушевска, Михаил – Оливер Митковски, Јована – Драгана Левенска
 
Премиера: 15 октомври 2022 година
Времетраење: 100 минути
 
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска
Лектор на каталогот: Тодорка Балова
Дизајнер на плакатот: Оливер Митковски
Дизајнер на програмскиот каталог: Димитар Димитров
Фотограф: Кире Галевски
 
За „ЛАГАТА“
Претставата „Лагата“ е работена по текстот на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.
„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството — лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.
Михаил и Јована доаѓаат на вечера. Но, Родна истото попладне го забележува Михаил како се бакнува со друга жена, и притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Павле верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Родна е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска е под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат, а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.