Јавното претпријатие Лајка на 20 октомври, 2024 година, заедно со граѓаните, вдомувачите и сите негови подржувачи го одбележа својот 4 роденден.
“Задоволство ни е да информираме дека во овие 4 години јавното претпријатие “Лајка” работи по единствената докажана и хумана програма за намалување на бездомни кучиња по улиците, има заловено и истретирано вкупно 3700 кучиња од кои 850 кучиња си го нашле својот дом.
Сиве овие години ЈП “Лајка” активно работи и на едукација и на промовирање и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашни миленици. Сакаме да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите кои дојдоа на нашата скромна прослава, а особено ни е драго што секоја година бројот на нашите поддржувачи се зголемува што укажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на работата и активностите на претпријатието како посебен јавен интерес.
Особено сакаме да се заблагодариме на хуманите граѓани кои ги отворија своите домови за кучињата – миленици од ЈП “Лајка” и одлучија да вдомат бездомно наместо да купат куче, и со тоа не само што покажаа огромна хуманост и етика туку станаа и позитивен пример во решавање на овој општествен проблем.
Огромна благодарност упатуваме и до здруженијата за заштита на животни со чија помош значителен број на кучиња си го најдоа домот надвор од границите на нашата држава.
ЈП “Лајка” ќе продолжи со уште поголем мотив да руши рекорди и се надеваме уште многу години ќе биде достоен сервис на граѓаните и пример за хумано и етичко третирање на бездомните кучиња кои не по своја вина се на улиците на Скопје” информираат од претпријатието.