Од денеска, 17 јули, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.
Тимот на заловувачи оваа недела (17-21 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk