Лажен е-маил за тестирање за Ковид-19 од МЗ се шири меѓу граѓаните

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај.

Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk.

Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.

Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.