Ракот на дојката е болест од која се загрозени многу луѓе и заедно со поддршката на своите најблиски, секојдневно се борат со последиците од неа, се вели во реакцијата на ЛДП.
„Со цел да упатиме порака на безрезервна поддршка на сите храбри жени кои ја водат својата борба со оваа болест и нивните семејства, да искажеме почит кон лекарите и професионалците посветени на овој проблем, да дадеме придонес во подигнување на свеста за превенција, рана дијагноза и третман, Форумот на жени на ЛДП ја поздравува иницијативата на традиционалната, осма по ред кампања, „Напред розово, чекори против ракот на дојка“, и се приклучува на денешната централна активност“, се вели во реакцијата на ЛДП.