Лекарите кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на корона вирус

Сподели

 

 

Резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на корона вирус.

Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација (СЗО) ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од корона вирус.

По тестирање на инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена.

По последната информација дадена за медиумите денеска во 13:00 часот, на корона вирус тестирани се уште 2 лица, еден кинески и еден наш државјанин. Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.

Македонскиот државјанин е наш студент во Италија. И тестовите на овие две лица се негативни на корона вирус.

Продолжуваме да ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ги почитуваат и спроведуваат препораките на СЗО за заштита од корона вирус – се наведува во соопштението на министерството за здравство.