Либералната партија: Пакет мерки за образованието

Сподели

lp

Аномалиите во нашето образование создадоа ,,образование без тежина”

Македонија е земја во која со векови наназад  образованието активно дејствувало и давало свои плодови. Со Охридската книжевна школа како најстара научна институција на подрачјето на Македонија ние сме познати на светски ранг. За жал нашето сегашно образование  доживеа такви девијации кои го доведоа до непрепознатливост. Од некогашниот квалитет и стандарди малку што остана.

Констатираме дека денес како и години наназад нашите актуелни функционери и политичари заборавија на најважната категорија, а тоа се децата  и просветните работници.

Крајно време е да го вратиме достоинството на наставниците и професорите. Да ја тргнеме психолошката тензија од закани, санкции, страв за работното место, непотребен надзор. Треба да ги ослободиме наставниците од ,,административното ропство” во кое насилно се ставени. Плодовите од тоа ослободување ќе ги осетиме сите ние а најмногу нашите најмили-децата т.е иднината на нашата татковина.

Квалитетните млади луѓе, личностите со демократски, креативни и либерални погледи се нашата вредност и достоинство.

За таа цел Комисијата за образование на Либералната партија со изработи пакет мерки, кои мораат да бидат спроведени веднаш по доаѓањето на новата власт, и ова се дел од нив:

  1. Итно укинување на програмата ,,Кембриџ” во одделенска и предметна настава.
  1. Укинување на интегрално оценување на наставниците од основните и средните училишта  кое се врши на три години.
  2. 3. Укинување на наметнатиот правилник на интерно екстерно тестирање на наставници на крајот од секоја учебна година.
  3. 4. Укинување на барањето за пишување секојдневни дневни подготовки на наставниците бидејќи годишна програма и тематските (месечни) подготовки се сосем доволни за квалитетна настава.

 5. Укинување на екстерното оценување и за предметна настава.

 6. Неделниот фонд на часови (особено во одделенска настава) мора да се намали и врати на класични стандарди.

 7. Враќање на бројчаното оценување на учениците од 1-3 одд. бидејќи описните извештаи се немотивирачки за учениците, се губи смислата за натпревар,  за јасна оценка која дава поттик.

  1. 8. Зголемување на платите на професорите од предучилишното и основното  образование. Во најмала мерка тие треба да се изедначени со средното образование.
  2. 9. Категорично НЕ за таканаречената ,,Академијата за наставници” и нејзините привремени лиценци.
  3. 10. Вреднување на постојниот степен на образование кај наставниците (со 7 степен) како и дополнително плаќање на наставници магистри и доктори на науки.

 

  1. 11. Измени во бројот на ученици во паралелките на максимум 25.
  2. 12. Промена на возраста за упис на првачиња за една година повеќе ( 6-7 години).

 13. Укинување на наметнатиот правилник за домашни задачи, по кој наставниците во училиштата мораат да работат.

 Укинување на одредбата во 30 проценти од наставата да има застапено ИKT технологија бидејќи тоа треба да е автономна работа на наставниците и учениците во зависност од условите. Однапред диригираната бројност е неправилна.

  1. Укинуваење на еден од двата идентични дневници.
  2. Зголемување на платата на наставнците кои работат со паралелки каде има деца со пречки во развојот.
  1. Надополнување и прецизирање на законот за инклузија за децата со  посебни образовни потреби.
  1. Укинување на досиејата за ученици.
  2. Остварување на можноста наставниците да одат во пензија и со работен стаж (35 год).        
  3. Констатираме аномалии и во високото образование како на пример, неусогласеност помеѓу бројот на запишани студенти и потребата за работа. Министерството за образование и наука мора да го зголеми  буџетот за учество на универзитетските професори на конференции и научни усовршувања. Предлагаме укинување на ,,Болоњскиот систем” кој се покажа несоодветен кај нас и доведе до намалено знаење кај студентите. Пропишаниот ограничен материјал за изучување создаде површност.  Проблемите со ,,импакт факторот” се големи а за жал, кај нас во повеќе студиски области непостојат списанија со импакт фактор. Затоа професорите мораат да објавуваат во странство, тоа скапо се плаќа а  на објавувањето се чека подолго време.  Враќањето на високото образование на испробаните стандарди и традиции е неопходност.