Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.
Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија “Беко“ подигање на личните документи покрај во
редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот.