ВИЕНА (АА) – Хајнц-Кристијан Штрахе, претседателот на Партијата на слободата, екстремната десница во Австрија, ја обвини геманската канцеларка Ангела Меркел дека е виновна за приливот на азиланти и нејзиниот став го оцени како: „Најопасна политика на Европа“, јавува Anadolu Agency (AA).
Штрахе во својот говор пред членовите на Партијата на слободата, ја обвини германската канцеларка Меркел дека е најголем виновник за приливот на азиланти во Европа.
Штрахе го бранеше ставот дека политиката што ја води Меркел е незаконска и ја обвини Меркел дека со приливот на азиланти, ја става Европа во опасност.
Мислејќи на Меркел, Штрахе рече: „Таа е најопасен политичар во Европа. Со својата политиката на толеранција, ги отвори вратите на Европа за оние чиј светоглед не одговара на Европа, на исламистите, на сиромашните азиланти и коцкари. Ваквиот развој на настаните ги потресе темелите на нашето општество“.
Моменталната состојба Штрахе ја оцени како катастрофална и смета дека азилантите во Европа можат да бидат причина за избивање на граѓанска војна.
Хајнц-Кристијан Штрахе ја обвини австриската Влада дека не направила ништо против азилантите.