Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено

Сподели

 

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии.

Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје.

Договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз, информираат од ЈСП.

ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности.