ЛОИ – РИО 2016: СОЛЗАВЕЦ И ДИМНИ БОМБИ ПРЕД МАРАКАНА

Сподели

rio-2016-protest

Непосредно пред почетокот на свечната церемонија на отворањето на 31. Летни олимписки игри во Рио де Жениеро, неколку стотици незадоволни доцна синоќа се собраа во близина на стадионот „Маракана“ на протест против корупцијата во Бразил и против, преголемите трошоци за организација на Олипијадата.

Полиција употребила солзавец и димни бомби за да ги разбие учесниците на протестот. Овие протести се поврзани со незадоволството од нестабилната политичка состојба во Бразил, предизвикана од временото отстранување од власта на пресетадателката Дилма Русеф и иницијативата за нејзино конечно отповикување.

Поради ваквата нестабилна политичка состојба во земјата, многу шефови на држави или влади решија да не присуствуваат на свеченото отворање на Олимписките игри. На отворањето присуствувале претседателите на Аргентина, Парагвај, Португалија и Франција, како и американскиот државен секретар Џон Кери.