Лондон: Демонстранти бараат повлекување на повикот за посетата на Трамп

Сподели

Илјадници демонстранти маршираа кон зградата на парламентот во Лондон барајќи од владата на Велика Британија да го повлече повикот за државната посета на Доналд Трамп, новиот претседател на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Критиките упатени кон британската премиерка Тереза Меј се зголемија по нејзината посета на Вашингтон, каде минатиот месец се состана со Трамп. Тогаш Меј ги потврди плановите за возвратна посета на Трамп на Велика Британија летово.

Протестите денес вклучуваа и марширање на неколку илјади лица во колона од три километри на делницата од амбасадата на САД во Лондон до зградата на државниот парламент. Демонстрантите извикуваа „Тереза Меј, засрамете се”.

Овој месец се очекува британските парламентарци да дискутираат за плановите да се повика Трамп во возвратна посета. Онлајн петицијата со која премиерката се повикува да го повлече повикот за посетата на Трамп доби силна поддршка, но Меј инсистира на тоа дека посетата на американскиот претседател е добредојдена.