Љупчо Коцарев е новиот претседател на МАНУ

Сподели

 

Македонската академија на науките и уметностите го избра новото раководство со мандат од четири години. За претседател на МАНУ избран е Академик Љупчо Коцарев.

Коцарев е редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) при УКИМ.

Академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам се избрани за потпретседатели на академијата, додека за Научен секретар на МАНУ е избран академик Изет Зекири. За членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.