Лупевска до Мицкоски: Вие партија водите или гранап? (ВИДЕО)

Сподели

Во вчерашното гостување во „Топ тема“,  не го кажа ставот за тоа како ќе се изјасни на 30. септември, но рече дека не верува дека референдумот ќе биде успешен.

-Мнозинството членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинира од гласање или ќе излезе и ќе гласа против. Ако овој Договор биде ефективен, Македонија ќе биде дел од ЕУ ако ги исполни останатите услови според мерит системот. Кој гарантира дека ако ние го решиме спорот и си ја завршиме домашната задача, ќе влеземе во ЕУ. Кој ни гарантира дека Грција нема и понатаму да не блокира со своите мускули?

На прашањето за личниот став по референдумот, Мицкоски го повтори ставот на партијата за Договорот – „Не можеме да поддржиме, ниту да прифатиме промена на Уставот со цел промена на уставното име“, по што новинарката Снежана Лупевска Созен му го постави прашањето дали води партија или гранап?

 

https://www.facebook.com/seir2017/videos/421610295033808/