Македонија не смее да биде повеќе во рацете на корумпирани лидери

Сподели

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид упати јасна и силна порака до раководството на СДСМ, но и до сите граѓани кои сечувствуваат изневерени од политиките на истите.

„Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампеа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници.“

Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари. Време е да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката.

Преку оваа изјава, претседателот Димитриевски и Движењето ЗНАМ испраќаат силна порака:
Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори.