МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

Сподели

hitportal-makedonsko-zname1

Република Македонија денеска го одбележува 8 Септември – Денот на независноста. На денешен ден во 1991 година, се одржа референдумот на кој граѓаните со убедливо мнозинство од над 95 отсто се изјаснија за самостојна и независна држава, одговарајќи позитивно на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Претходно, на 25 јануари 1991 година првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои Декларацијата за незавиност.

На 17 ноември 1991 година Собранието го донесе новиот Устав на државата, што беше следен важен чекор во зацврстувањето на државноста.

Во Свечената сала на Собранието во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2016 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. Добитници на државната награда „8 Септември“ се Андон Дончевски, Агим Ејупи, Сашко Поповски, Добре Маринков и Фоти Ѓатовски.

Синоќа, во пресрет на државниот празик во Македонскито народен театар се одржа свечена академија на која се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов. Свечената академија е централниот настан на Владата за одбележување на 25-годишнината од независноста на државата.