ЦИРИХ (АА) – Македонската фудбалска репрезентација не го промени својот пласман и се најде на 139. позиција на најновата рејтинг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од ривалите на Македонија, во квалификациската група за пласман на Мудијалот 2018, најдобро рангирана е Шпанија (8. место), Италија е десетта, Албанија 37., Израел е на 76. место, додека најслабо пласиран е Лихтенштајн (182. место).
На врвот нема промени. Лидер е Аргентина, пред Белгија и Колумбија. Во топ-10 уште се: Германија, Чиле, Португалија, Франција, Шпанија, Бразил и Италија.
Значителен напредок кон горниот дел на табелата имаат Велс (11. место) со скок од 15 позиции, Хрватска (15. место) со пробив од 12 места, Полска (16. место) со напредок од 11 места и Исланд (22. место) со скок од 12 позиции.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 11 август.