УЈП: „Македонија пат“ со долг над 7 милиони евра

Сподели

УЈП ја објави новата листа на должници. Државни фирми и претпријатија, познати бизнисмени и физички лица и овој пат најголеми должници на државата.

На последната листа на долгови доспеани до 31.03.2017 и неплатени до 30.06.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини најголем долг набилда Отекс АД Охрид со над 11 милиони евра.

Зад него втор на листата должници е јавното претпријатие „Македонија пат“ чиј долг стигна над 7 милиони евра.

Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О.Е.Л. Експорт Импорт Скопје е третиот најголем должник на УЈП.  Оваа компанија должи 428,934,651 денари.

Не изостанува од листата ниту МРТ која стигна до долг од 91,832,757 денари.

На листата должници на УЈП уште се наоѓаат и Хедис Д.О.О Скопје, Чистота и Зеленило Куманово, Тетовското јавно комунално претпријатие и други.