Во Македонија во утринските часови имеме умерено облачно и топло време со повисоки утрински температури. Локално постојат услови за слаби врнежи од дожд, додека на Попова Шапка провејува слаб снег.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно време со услови за слаби врнежи од дожд. Врнежите се очекуваат во утринските и раните претпладневни часови, а во крајните источни и североисточните предели услови за врнежи од дожд ќе има и во попладневните часови. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Минималните температури во благ пораст и ќе се движат од 0 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 9 односно до 17 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди но и со услови за сосема слаб дожд во утринските и раните претпладневни часови. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, додека пак дневната до 15 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник, среда и четврток под влијание на медитерански циклон се очекува облачно време со поинтензивни врнежи од дожд особено во среда, додека пак над 1500 метри се очекуваат и врнежи од снег. Во вторник облачно со слаби врнежи од дожд и дневни температури од 6 до 14 степени. Во среда облачно со поинтензивни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен југоисточен и југозападен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и до 40 литри дожд, особено во јужните и југоисточните предели, а максималните температури од 6 до 14 степени. Во четврток облачно време со слаби врнежи од дожд проследени со доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Дневните температури од 7 до 15 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време со температури од 8 до 16 степени.