Македонска Филхармонија: Концерт на музичката младина за маестро Ѓумар

Сподели

Македонска Филхармонија, Музичка младина за маестро Ѓумар, 22.април

Концерт на Камерниот Оркестар на Музичка Младина на Македонија во чест на својот долгогодишен соработник, еден од најзначајните и најистакнати диригенти и професори Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).

Камерниот Оркестар на МММ низ својата богата историја остварува бројни успеси низ најпрестижните музчки центри во Европа.

Концертот ќе се реализира под раководство на една од најперспективните диригенти од младата генерација – Дијана Имери Илкоска, која по дипломирањето во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар бележи бројни успеси и соработки со престижни оркестри и ансамбли како Македонската Филхармонија, Македонска Опера и Балет, Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Камерниот Оркестар на МММ, Камерниот и Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Мешаниот Хор при ФМУ и други престижни ансамбли.

Како гостин-солист на концертот ќе настапи еден од нашите најбарани пијанисти со европско реноме – Дино Имери, кој ќе го изведе Концертот бр.4 од Л. ван Бетовен веднаш по своите гостувања во Загреб (каде потпиша ексклузивен договор со менаџерската куќа Кристофориум Арт) и Софија (каде по трет пат соработува со престижната Софиска Филхармонија). На останатиот дел од програмата ќе бидат изведени композиции од Ј. С. Бах и В. А. Моцарт.

Концертот се реализира во организација на Музичка Младина на Македонија и Македонската Филхармонија.

ПРОГРАМА:
– Ј. С. Бах – Арија
– В. А. Моцарт – “Eine Kleine Nachtmusik”
– Л. ван Бетовен – Концерт за пијано и оркестар бр.4 во G-dur
(арр. за гудачки оркестар на В. Лахнер)