Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ оствари голема победа на своето деби на Олимписките игри. Таа во првата квалификациска рунда во својата категорија ја совлада двојната олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија со 2:1 во рунди.
Мила влезе храбро во борбата во која агресивната Британка ги освои првите поени. Сепак, Мила ја доби првата рунда со 7-6. Во втората, искуството на противничката дојде до израз, па ја доби рудата со 5-4 за израмнување на резултатот 1:1 во рунди. Решавачката трета рунда заврши нерешено 1-1, но поради повеќето контакти Мила излезе како победничката.
Така нашата таеквондистка Милјана Рељиќ обезбеди четвртфинале. Следува борбата против Летиција Ајуд од Либан и тоа во 15.45 часот.