Мaкедонската уметност пред дипломатскиот кор во Хрватска

Сподели

Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, во соработка со Националната галерија со делото „Афиони“ од Лазар Личеноски, втемелувачот на ликовниот живот во Македонија и еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж, учествуваше на изложбата „Уметност без граници: Дипломатија и креативност!“.

Во организација на дипломатскиот кор на Република Хрватска, изложбата „Уметност без граници“ е уникатна уметничка манифестација која ги спојува креативноста и меѓународната соработка. На изложбата беа претставени уметнички дела од членови на дипломатскиот кор и од нивните семејства, заедно со уметнички слики во дигитален формат на најпознатите уметници од различни земји.