Македонски полициски синдикат: Стоп за нападите врз полициските службеници

Сподели

 

“Македонскиот полициски синдикат остро регира во врска со настаните кои се случија изминатите два дена кога во еден наврат беа нападнати двајца полициски службеници во Скопје, и немилиот настан кој се случи утрово кога е застрелан полициски слубеник во Велес.

Како Македонскиот Полициски Синдикат сакаме да го исвестиме нашето членство како и целокупната јавност во државата дека во последната година сериозно работиме на тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа и да се идентификуваат евентуални системски, а се со цел отстранување на недостатоци во системот на заштита на нашите колеги.

Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман, но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позиција на полицискиот службеник во делот на негова лична безбедност и заштита.

Трендот да полициските службеници бидат мета на напад само затоа што професионално си ги извршуваат работните задачи спроведувајќи го законот мора да запре. Сметаме и цврсто стоиме на ставот дека секој напад врз полициски службеник односно било какво девијантно однесување кон луѓето кои секојдневно се грижат за безбедност е индиректен напад врз Република Северна Македонија.

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуира нападите врз полициските службеници во најбрз можен рок, притоа паралелно да ја заоструваат казнената политика и почесто да се применува мерката притвор.

Како синдикат сметаме дека ова е единствениот начин каде можеме да бидеме сигурни дека во случај на напад врз полициски службеник, институциите ќе реагираат брзо и ефикасно сторителите да бидат најстого санкционирани.

Истовремено за нашата активност во текот на утрешниот ден ќе ги известиме сите пријателските полициски синдикати кои доаѓаат од земјите на ЕУ, а се членки на Советот на Европски Полициски синдикати во кој членуваат повеќе од 250 илјади полициски службеници со барање истите будно да ја следат состојбата во нашата земја во делот со активностите и евентуалните исходи од понатамошните одлуки на надлежните органи.

Како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полицајците кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи. Само на тој начин ќе допринесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните.

Професија која ќе биде главниот постулат во нашата земја, постулат кој ја гарантира државноста, сигурноста и безбедноста во државата и во исто време, полиција – пријател и заштитник на граѓаните На крајот ги охрабруваме сите полициски службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив, и да не потклекуваат не било какви притисоци од било кого тоа да не го сторат. Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање” – стои во реакцијата на Македонски полициски сндикат.