МАКЕДОНСКО „ОЛ-СТАР“ ФИНАЛЕ НА ТАКСИРАТ 18

Сподели

taxirat-1078x516

За заокружување на годинашното издание, на главната фестивалска вечер на  Таксират ќе настапат најголемите македонски музички имиња во живо!

Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, во Метрополис Арена ќе настапат легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава, велат од Пасворд продукција.

Гости на фестивалското финале кое ќе се одржи на 9-ти декември (петок), ќе бидат Архангел – легендарната рок група која со своите безвременски хитови, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија; Кирил Џајковски– најголемиот македонски електронски артист кој со своите настапи веќе со години ја воодушевува Европа, а кој на ТАКСИРАТ ќе настапи заедно и со извонредната американска артистка ТК Вондер; Санаториум – најзначајната македонска треш метал група која на гостински терен се запиша како домаќин на легендите на светската метал сцена Soulfly, Motorhead, Slayer и други; Фолтин – една од најуникатните групи во современата музичка историја на Македонија која годинава одбележува 20 години постоење иЧиста околина – рап-пионерите кои веќе 20 години уживаат култен статус кај целата андерграунд публика во Македонија, а без кои оваа вечер не би била комплетна!

Првите промо билети за главната вечер на Таксират ќе бидат пуштени во продажба во петок (14-ти октомври), со цена од 500 денари, која е 40% пониска од полната цена и ќе важи само за ограничен број на билети. Покрај овие, достапни ќе бидат и галерија-билетите по цена од 1000 денари, за сите оние кои главната вечер ќе сакаат да ја проследат од галеријата на Метрополис Арена.

Билетите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.

radiomof.mk