MakeDox 2017

Сподели

На 19. август 1839 година, француската влада го прогласува фотографскиот процес на Луј Дагер како подарок за светот. Неговиот пронајдок, на човештвото му отвори цел нов универзум на забележување, интерпретирање, раскажување и манипулирање на светот и векот. МакеДокс е логичен одблесок на една од тие дагеротипии, во бескрајното време и простор.

На 19. август 1960та година, Советскиот Сојуз го лансира сателитот Спутник со кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, два стаорци и различни растенија.
На 19. август 2017 година, во Куршумли Ан, почнува осмото издание на МакеДокс. Бројот осум е симбол на бескрајниот надворешен и внатрешен космос, означува стабилност и нов почеток. Праќаме отворен повик за бординг во Куршумли ан, на осмата мисија на МакеДокс. Веќе имаме обезбедено повеќе кучиња, глувци и една магична смоква!

#РасприкажаниСлики

On the 19th August 1839, the government of France announces that Louis Daguerre’s photographic process is a gift”free to the world”. His invention unraveled an entirely new universe of observation, interpretation, understanding, and manipulation of the world and time given. MakeDox is an extensional reflection of one of these daguerreotypes in the vastness of space and time.
On the 19th August 1960, the Soviet Union launched the Sputnik program: Korabl-Sputnik 2 satellite carrying the dogs Belka and Strelka, forty mice, two rats and various plants.

On the 19th August 2017, in Kurshumli An, begins the eighth edition of MakeDox. The number eight symbolizes the never-ending outer and inner cosmos, stability and new beginning.
So, we announce an open call to get on board in Kurshumli An and take part in the eighth mission of Makedox! We have already supplied a number of dogs, mice, and a magical fig tree!

#TalkingImages

***
Наскоро програма, придружете се / Schedule coming soon, join
***
Билети / Tickets

Фестивалска карта за сите настани на МакеДокс може да се набави преку www.kupikartizase.com по цена од 1300 денари. Притоа, задолжително е да го испратите Вашето име и презиме и Ваша фотографија на festival@makedox.com најдоцна до 18 август (сабота). Со потврдата од www.kupikartizase.com Вашата карта можете да ја подигнете секој ден почнувајќи од од 19 август (сабота) во 19.30 ч на влезот на Куршумли ан

The festival ticket includes all the events at the MakeDox festival and can be purchased through the website www.kupikartizase.com. Ticket price: 1300 den. When purchasing, please send your personal photo and information (name and surname) at festival@makedox.com before 18th August. Pick up your ticket from 19th August at 19:30 h at the entrance of Kurshumli an with a printed purchase confirmation from www.kupikartizase.com

Вечерен билет (2 проекции) во Куршумли ан – 150 ден.
Evening ticket for 2 screenings at Kurshumli an- 150 den

Проекции пред Куршумли ан – 50 ден./филм/
Single ticket for screenings in front of Kursumli an- 50 den

Проекции во Св.Спас – бесплатно за деца, 50 ден. за родители
Single ticket for screenings at church St. Spas- 50 den for adults / free admission for children

***

Сабота (19.08)- Вечерен билет за отворање на фестивалот + концерт- 500 ден/ Концерт- 300 ден
Saturday (19.08)- Evening ticket for the opening night at Kurshumli an + concert- 500 den/ Concert- 300 den

Среда (23.08)- Билет за проекции во Куршумли ан + концерт- 300 ден/ Концерт- 200 ден
Wednesday (23.08)- Evening ticket for screenings at Kurshumli an + concert- 300 den/ Concert- 200 den

Петок (25.08)- Билет за проекции во Куршумли ан + концерт- 300 ден/ Концерт- 200 ден
Friday (25.08)- Single ticket for screenings at Kurshumli an + concert- 300 den/ Concert- 200 den