Макрон најави посета на Скопје и Тирана

Сподели

 

Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да ги посети Албанија и Северна Македонија следниот месец. Во својот јавен коментар по блокирањето на започнувањето на преговорите со овие земји, тој рече дека ќе се сретне со премиерите Рама и Заев за да разговараат за реформите и чекорите што овие земји мора да ги преземат.

„Ги препознавам обидите на Рама и Заев, кои се двајца храбри лидери, ќе одам да ги посетам месецот што следува… Ќе ја продолжиме работата, но и ние треба да ја направиме нашата работа и да не се лажеме себеси“, нагласи Макрон – а пренесе exit.al.