Мал новогодишен саем на книга во МКЦ

Сподели

 

Мал новогодишен саем на книга со издавачките куќи Темплум, Готен, Бегемот, Блесок, Бункер, Чудна Шума, ИЛИ-ИЛИ, во МКЦ, горно фоаје, од 23 до 28. декември

Ве очекуваме со книги, промоции, разговори, дружења и уште повеќе добри книги во ова интимно и мистериозно топло катче.
Набавете си го омилениот подарок за себе за Нова година.

23 декември (понеделник)
– Изложба на Будимка Поповска и промоција на три нејзини книги

24 декември (вторник)
– Промоција на збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски
промотор: Ненад Јолдески (Или Или)

25 декември (среда)
– Промоција на книгите за деца, „Синиот зајак“ и „Чудесни апарати“ (Темплум) и нас стрипот „Зенобиа“

– Промоција на книгата „12 македонски фотограф(к)и“ (Темплум)

26 декември (четврток)
– Промоција на стрипот „Македонија“ (Темплум)

27 декември (петок)
– Доделување на наградата Новите! 2019 (Темплум)

– Промоција на стихозбирката „Средни години“ од Алеш Мустар
препев: Лидија Димковска
промотор: Александра Јуруковска (Или Или)

– Промоција на Алек Попов (Бегемот)

28 декември (сабота)
– Промоција на книгата „Десетте најдобри раскази на светот“