Манчевски: Граѓаните ја сакаат Македонија, сакаат промени во државата и живот во неа

Сподели

Шефот на изборниот штаб на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија, Дамјан Манчевски, изрази голема благодарност до граѓаните за огромната излезност, на првата прес-конференција во седиштето на СДСМ по завршувањето на гласањето.

– Граѓаните покажаа дека ја сакаат Македонија, дека сакаат промени во државата и дека сакаат живот во неа. Исто така, мораме да констатираме дека, за жал, одредени стари навики на одредени групации блиски на власта, продолжија и понатаму. Навики кои се обидоа да ги спречат граѓаните слободно да го изразат својот глас, но исто така знаеме дека тие не се доволни за граѓаните на Македонија, слободно да можат да ја изразат својата волја – изјави Манчевски.