Манчевски: Порталите треба да имаат уредник и да не се во сопственост на офф-шор компанија

Сподели

 

Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во воведниот говор на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

Министерот рече дека тука има голем етички проблем до каде е линијата и до каде треба да се оди во регулација, а кога веќе се навлегува во приватноста.

Во делот на интернет порталите кои пласираат информативни содржини, мој личен предлог е минимум да се декларира еден уредник и дека не смее да биде во сопственост на офф-шор компанија. Мислам дека можеме да прифатиме и тоа се однесува на портали што се регистрираат во Македонија, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на Меѓународната конференција „Е-општество“..

Посочи дека сепак тука има голем етички проблем до каде е линијата и до каде треба да се оди во регулација, а кога веќе се навлегува во приватноста.

– Ова се прашања на кои Владата не треба сама да нуди одговор, туку треба да отвориме дебата. Ако станавме познати како извор на „лажни вести“, можеме да станеме и место каде што почнало да се дебатира околу некаква координирана иницијатива – истакна тој.

Министерот порача дека Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави 

– Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Ние како Влада единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие сметаат дека треба да се донесе – изјави Манчевски