Манчевски: Со размена на национални искуства до поголема глобална сајбер безбедност

Сподели

 

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со ITU- Меѓународна унија за телекомуникации организира тридневна работилница за сајбер безбедност во Скопје.

Работилницата денеска ја отвори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

 

“Информациските технологии се развиваат со неверојатно брзо темпо, а трендовите во ова поле се менуваат секој ден. Уредите се сè повеќе поврзани меѓусебно со концептот „Интернет на нештата“. Кога зборуваме за овој концепт, всушност се работи за милијарди физички уреди ширум светот кои сега се поврзани на интернет и собираат и разменуваат податоци. Затоа, безбедноста на ваквите податоци е од суштинско значење за луѓето, компаниите и земјите.”

-“Сите сме свесни дека сајбер просторот не познава физички граници. Како нации, немаме територија која треба да ја штитиме. Сајбер просторот се споделува на глобално ниво, меѓу граѓаните, јавните администрации, бизнисите, граѓанските општества, меѓународните организации, но исто така и меѓу злонамерни корисници и криминални организации. Секој ден се соочуваме со предизвици за безбедноста. Затоа, наша заедничка одговорност е да играме фер и да ги штитиме сите процеси, како и најранливите податоци и пристапот до ресурси. Мора да го спречиме сајбер-криминалот. Затоа, регионалната и меѓународната соработка е од суштинско значење. Со сето ова на ум, јас сум силен застапник за споделување добри практики и искуства со нашите регионални и меѓународни партнери” – се обрати министерот Манчевски.

-“Силна и стабилна култура за сајбер безбедност е еден од темелите на отворениот, безбеден и заштитен сајбер простор. Затоа, подигање на свеста за заканите по сајбер безбедноста и промовирање на сајбер-безбедноста меѓу граѓаните и организациите преку едукација и споделување добри практики беше основен елемент на градењето капацитети за сајбер безбедност. Различни институции и организации ги спроведуваа кампањите за подигнување на свеста за сајбер безбедност и ангажирање на јавноста со различни засегнати страни.”