Манчевски: Воведување ред на хаосот – деполитизација на јавниот сектор

Сподели

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“.

“Влегуваме во реализација на сериозни проекти. Првиот е реорганизација и оптимизација на институциите на системот, тоа значи воведување ред на хаосот што со децении бил создаван во институциите, и втората работа е создавање крупни чекори кон целосна деполитизација на јавниот сектор, а тоа е Законот за високо раководна служба, изјави министерот Манчевски.

Според Манчевски, Стратегијата за реформа на јавната администрација е голема и има многу активности во акцискиот план што будно се следи од страна на граѓанскиот сектор.

-” Јас сакам да го поздравам начинот на кој што се следи имплементацијата и од страна на граѓанските организации, нас ни е навистина битно нивното мислење со цел да обезбедиме подобра реализација на активностите и во следниот период”, рече Манчевски.