Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа во Москва ја победи Англија со 2:1 и за првпат во својата историја ќе игра во финале на фудбалско Светско првенство.
– Бевме како лавови, уживавме на теренот и така ќе биде и во финалето. Горд сум на сите во репрезентацијата. Да одиграш така против една Англија не е мала работа. Се уште не сме свесни што направивме. Ова го можат само големи екипи, потенцира Манџукиќ.
„Неверојатно е ова што го постигнавме, ни се оствари сонот по долги години напорна работа и многу битки. Сите сме горди, испишавме историја за Хрватска“ – вели Лука Модриќ. „Доколку славиме над Франција ќе ја обојам косата, а тоа ќе го стори и целата репрезентација. Среќни сме за целиот наш народ, цела Хрватска е на улица, никој не спие, нацијата го заслужува ова“.
„Луѓе, ова е чувството што го чекав цел живот“, – Врсаљко.