Македонската филхармонија, заедно со останатите културни институции, со пригоден концерт ќе се придружи во одбележувањето на манифестацијата „Бела ноќ“ за 25 години од Денот на независноста на Македонија.
Во среда (7 септември) во Домот на АРМ со почеток во 21 часот, оркестарот на Македонската филхармонија под палката на маестро Борјан Цанев, ќе одржи симфониски концерт на кој ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен, каде како солист ќе настапи младиот виолинист Бојан Илковски, како и атрактивната Симфонија во ге-мол бр. 40 од Волвганг Амадеус Моцарт.
Влезот за концертот ќе биде слободен.