Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.
На средбата, беше дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побара од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.
Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.