МАРИН ЛЕ ПЕН: Повторно воведување на франкот, излегување од ЕУ и НАТО

Сподели

 

Лидерката на француската крајно десничарска партија, Национален фронт, Марин ле Пен, на синоќешниот собир на партијата повтори дека ако на претседателските избори напролет биде избрана да ја предводи Франција, повторно ќе го воведе франкот, како национална валута, а во земјата ќе распише референдум за излез од Европската унија.

Како свои дополнителни чекори Ле Пен објави дека Франција ќе ја повлече и од интегрираната команда на НАТО. Во своето обраќање се задржа и за терористичките закани, нагласувајќи дека ќе се залага за искоренување на тероризмот.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во периодот помеѓу 23 април и 7 мај. Според досегашните анкети, Ле Пен е апсолутен фаворит за првиот круг на изборите.