МАРОКО ПОДЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ ВО АФРИКАНСКАТА УНИЈА

Сподели

106550700resize

По четириесет години, Мароко поднесе официјално барање за приклучување во Африканската унија (АУ).

Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација, која ја сочинуваат 54 држави.

Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година, поради спорот околу Запдна Сахара, која АУ ја смета за независна држава, а Мароко за своја јужна провинција.

Членките на АУ ќе бидат известени за барањето на Мароко, а потоа кралот на оваа држава ќе биде известен за одлуката.