МАРТИН ШУЛЦ: Трамп успеа да стане знаменосец на вознемиреност и страв кај милиони Американци

Сподели

martin-schulz_24636110

Европската унија со не многу големо воодушевување ја прими денешната вест дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп е избран за нов претседател на Соединетите американски држави, јави дописникот на МИА од Брисел.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, беше првиот што излезе со јавен коментар по поразот кој Трамп и го нанесе на демократскиот кандидат Хилари Клинтон, а која беше фаворит на овие избори во САД, па челникот на Европарламентот порача дека „Трамп треба со веродостојни политики и предлози да го реши стравот и вознемиреноста кај милиони Американци“.

– Гласачите во САД проговорија. Победата на Доналд Трамп е недвосмислена и мора да се почитува. Му честитам нему и на Републиканската партија на нивната победа. Господинот Трамп успеа да стане знаменосец на вознемиреност и страв окај милиони Американци. Оваа загриженост сега мора да се реши со веродостојни политики и предлози – порача Мартин Шулц.

Според првиот човек на Европскиот парламент, изборната кампања во САД нема да биде запаметена како „најдоброто од Америка“. Според Шулц, поларизацијата го водела изборниот натпревар во најмоќната држава на светот и порача дека „претседателот Трамп ќе има тешка задача на спојување на поделената нација“.

Во однос на најголемиот број на прашања во врска со надворешен изглед на иднината претседателака функција на Трамп, според Шулц се се уште неодговорени. Од Сирија до Ирак, од Украина до Либија, улогата на Трамп во дипломатијата и постигнувањето на одлуки за договор, според Шулц ќе бидат тестирани од ден на ден и ќе бараат „вистинската мешавина на одговорност, воздржаност и лидерство“.

– Глобалната политика бара постојан ангажман на САД да го направи светот подобро место и како такво да го оставиме на нашите деца. Од борбата против глобалното затоплување, до нивната посветеност на НАТО, светот очекува и се надева претседателство со отворен поглед, со цел обликување на меѓународните односи и почитување на вредностите на слободата и демократијата – порача Шулц.

На крајот во неговата порака по повод изборите за претседател во САД, челникот на Европарламентот посочи дека ЕУ е најголем трговски партнер на САД и дека нивните економии изнесуваат повеќе од 40% од целиот светски Бруто-домашен производ и речиси една третина од трговските текови ширум светот.

– Нашето партнерство оди од борбата против тероризмот до научна и академска размена. Односите меѓу ЕУ и САД се клучна компонента на глобалната стабилност. ЕУ е посветена на одржувањето на оваа врска. Се надеваме дека истото важи и за идниот претседател на САД – заклучи Мартин Шулц.