Хијалуронска киселина, пептиди, ретинол, колаген и што уште не. Козметичките компании секојдневно креираат илјадници начини да дојдат до решение за проблемите со косата и кожата. Токму затоа, ќе најдете илјадници нови состојки на пазарот кои ветуваат многу.
Во големиот избор, пронајдете ја макадамијата – толку стара, а нова. Навидум едноставна и магична. Станува збор за јаткаст плод и трансформативните моќи кои ги има врз кожата и косата. Ефикасноста на маслото од макадамија ќе ја барате во составот на масни киселини:
Палмитолеинска киселина: Ова масло е најголемиот извор на ваквата масна киселина која е витална за здравјето на косата и предвременото стареење на кожата. Како што старееме, така одредени масни киселини во кожата престануваат да се создаваат и со самото тоа, кожата побрзо старее. Макадамијата го спречува тоа.
Олеинска киселина: Оваа киселина и дозволува на макадамијата ја да регенерира и обновува кожата и косата.
Линолеинска киселина: Оваа киселина спречува губење на влажноста на кожата и сјајот на косата.
Богато со фитостероли: Станува збор за компоненти слични на стеродите кои имаат одлични придобивки за кожата бидејќи претставуваат градежен материјал за клеточните мембрани и структурата. Имаат способност да ја смират кожата од воспалувања и црвенила и да ја регулираат функцијата на кожата.
Големите козметички компании како NIVEA, GARNIER, L’Oréal Paris…својата козметика ја базираат во овие златести капки од обработениот јаткаст плод, па нека не ве чуди ако маслото од макадамија го најдете во составот на нивните производи, бидејќи тоа е изборот бр 1 за Вашата убавина.